Можни ли се избори без ВМРО-ДПМНЕ? – Партиите сѐ уште се надеваат на консензус за датумот

НАШ ПРЕДЛОГ

Дневен хороскоп за недела (31. мај 2020)

ОВЕН Работа: Сте успеале да ги решите проблемите на полето работа. Задоволни сте затоа...

Филипче: Ова е Клиничкиот центар вечерва, со нов лик, да го чуваме уреден

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар.

НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова...

Вчерашниот ден уште еднаш докажа дека партиите имаат големи разлики околу датумот за избори. Некои бараат да се одржат во јуни, како што се СДСМ, Беса и ДПА. ВМРО-ДПМНЕ настојува за крајот на август или почеток на септември, додека коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива бараат избори на 26 јули. ДУИ без конкретен предлог. Но, што ако заврши вонредната состојба, а партиите не успеат да се договорат за термин? Дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира изборите? Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, не го вели тоа категорично, но се надева на консензус меѓу страните.

Јанушев вели дека би било незаконско Владата само со Уредба и без консензус да замине на избори. Доколку се случи на сила да има избори, таа Уредба ќе биде спорна, вели генералниот секретар на македонската опозициска партија, од каде уверуваат дека избори во јуни нема да има! И првиот човек на СДСМ, вели дека е отворен за разговори до крајот на вонредната состојба на 31-ви мај, но доколку овој рок истече, вонредната состојба нема да се продолжи и нема да има договор за датум. Заев потсетува – избори треба да има на 22 ден по вонредната состојба. Екс-премиерот вели дека партиите не можат да ги бојкотираат изборите бидејќи сите, дури и пред ДИК се произнеле „за“ избори.

Политичкиот аналитичар, Насер Зибери, за ТВ21 вели дека ВМРО-ДПМНЕ може да се одлучи за бојкот на избори ако се чувствува несигурна во победа, но додава дека оваа партија нема правна можност за да бара нов датум за избори. Ако не се согласувала со првата Уредба на Владата, тогаш зошто не ја оспори пред Уставен суд? – прашува тој.

ТВ21: Дали може ВМРО-ДПМНЕ да апстинира од учество на избори?

„Секако дека може ако нивните пресметки се дека ќе ги изгубат изборите. Значи, ВМРО-ДПМНЕ, и не само таа, за жал сите политички партии, нивните калкулации не ги ставаат над интересот на граѓаните, на државата, на економијата, на здравјето, туку над нивните политички и тесно партиски интереси во однос на власта“, вели Насер Зибери.

Зибери објаснува дека датумот за избори може да се презакаже со нова владина Уредба, во која би се усогласил правниот дел со политичката одлука која би ја донеле партиските лидери.

Од она што досега е познато, СДСМ со своите партнери бара избори на 21-ви јуни, а ВМРО-ДПМНЕ на 23-август, 30 август или 13 септември.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Филипче: Ова е Клиничкиот центар вечерва, со нов лик, да го чуваме уреден

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар. „Ова е Клиничкиот...

НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова означува нова ера на патувањата...

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: НАСА испраќа астронаути до меѓународната вселенска станица

НАСА и Спејсикс ги испраќаат астронаутите Роберт Бехенкен и Даглас Харли до Меѓународната вселенска станица. Настанот може да...

Тежок живот во уште потешки услови, домаќинот болен и не може да му помогне на семејството

Доволно е само еднаш да ја погледнеш куќата за да ја разбереш маката на ова семејство. 7-членото семејство Метовски...