„Мора да бидеме релаксирани, не е одмор со маски на плажа – кого ќе стрефи, нека стрефи“, вели турист во Охрид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Без заштитни маски кои пак на плажа и не се задолжителни, но ретко кој одржува дистанца, вака беше сликата денеска во Охрид.

„Мора да бидеме релаксирани, инаку не е одмор ако се пазиш, тоа не е одмор. Значи мора да се живее, кого ќе стреши, ќе стреши, тоа е судбината“, вели турист во Охрид во изјава за Телма телевизија.

„Кумановци, од Куманово имаме дојдено, во комбињата со маски одиме, во рестораните исто со маски ама на плажа нема маски“, вели друг турист.