МОН: Успешно заврши првиот училишен ден, важно е секое дете да следи настава

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Министерството за образование и наука соопшти дека првиот училишен ден помина успешно за најголем дел од учениците во државата. Физичката настава, онаму каде што Владината комисија утврдила дека има услови, се одржува согласно протоколите пропишани од здравствените власти.

Од Министерството посочуваат дека платформата „Microsoft teams“ се покажа како стабилна за одржување онлајн настава и во најголем дел учениците и наставниците денеска се приклучиле успешно или со помали тешкотии. Од утрово, како што потенцираат, успешно се реализира и емитувањето на 15-минутните часови на телевизија преку Националната радио телевизија за што однапред се објавени распоредите.

Исто така, Министерството за образование и наука укажува дека одлуката за следење настава со физичко присуство ја носат здравствените експерти.

-Следејќи ги нивните насоки, при организација на наставата МОН имаше два приоритети – заштита на здравјето на сите учесници во образовниот процес и обезбедување пристап до образование за секое дете. Бојкот на наставата целосно го деградира образовниот процес, а најголемата штета од ова ја трпат токму децата. Образовниот процес мора да продолжи – клучно за развојот на секое дете е да ја следи наставата, без разлика дали е тоа онлајн, или со физичко присуство, посочија од Министерството.

Оттаму апелираат сите да останат посветени и доследни на одговорноста која, како што велат, секој од нас ја носи во заштита на здравјето на децата, но и на јавното здравје.

-Оваа година е несомнено различна од сите останати. Меѓутоа, она што е важно е што сите ученици имаат можност да следат настава и се во континуирана комуникација со наставниот кадар. МОН, заедно со сите учесници во креирање на онлајн платформата продолжува и понатаму будно да ја следи состојбата на терен. Надлежните власти продолжуваат да ја следат епидемиолошката слика во секоја општина и да носат одлуки согласно актуелната состојба, се наведува во соопштението на МОН.

Почнаа да пристигнуваат податоци, во Прилеп 36 новозаразени – почина едно лица во изминатите 24 часа

Започнаа да пристигнуваат податоците од Центрите за јавно здравје ширум државата. Последните податоци се од Прилеп. Од ЦЈЗ информираат дека во последните...

Франциск е првиот Папа кој поддржува истополови партнерски заедници

Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск е првиот папа кој ги поддржа истополовите граѓански партнерски заедници. Папата Франциск во документарниот филм „Франческо“,...

Семејство избркано од Центарот за бездомници – препуштени сами на себе, седумте члена останаа на улица

Стојат пред врата, не знаејќи што ќе се случи со нивната судбина. Ова е семејството Ајетовски од Тетово, чиј дом веќе 8...

1,4 милиони евра за набавка на 60 респиратори за Македонија – НАТО помош за справување со коронавирусот

НАТО  обезбедува 1,4 милиони евра за набавка на 60 респиратори и дополнителна медицинска опрема, помошта е потврда на сојузничката солидарност кон нашата...

СЕФ: Роботите ќе значат 85 милиони работни места помалку за пет години

Роботите ќе доведат до губење на 85 милиони работни места за луѓето во средни и големи компании наредните пет години, а пандемијата...