Младите порачаа: Рудник нема да има – „Со жив ѕид ќе ги браниме Иловица и Штука“

Не сакаме рудници, сакаме здрава котлина и здрав живот, очекуваме конечно властите да се залагаат за активности што ќе бидат корисни за жителите, не не терајте да ги напуштиме нашите домови, беа дел од пораките на младите од Иловица и Штука кои  денеска протестираа во Босилово под мотото „Стоп за рудникот на смртта“.Младите ги поддржаа и активисти за заштита на животната средина од овој регион. На премиерот му порачаа, „Зоран ти си од тука, застани го овој ѓаволски рудник“.