Мицкоски: СДСМ се обидува да купи пратеници – СДСМ молчи, сѐ уште се на одмор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека звучни имиња од СДСМ се обидуваат да купат пратеници од коалицијата Обнова за Македонија.

Пред неколку дена такво нешто тврдеше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев вечејќи дека СДСМ се обидува да купи 5 пратеници не без да истакне од која партија.

ТВ21 се обиде да добие одговор од СДСМ за обвинувањата во врска со купување пратеници, но одговор не добивме.

Причината зошто СДСМ може да направи нешто такво е дека им се потребни повеќе пратенички мандати за поддршка на парламентарното мнозинство кое ќе го формираат социјалдемократите.