Мицкоски: Промената на уставот се направи на противуставен и криминален начин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција изјави дека промената на уставот се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен, насилен и криминален начин, по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења, дека ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните на Македонија не го подржаа овој договор.

„Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава! Македонија е фрлена на колена и тоа не само во поглед на името, туку и во економијата, уништеното здравство, неквалитетното образование, земјоделието. По капитулацијата на Заев со името, тој најавува нова капитулација, општествена, економска, политичка, образовна, здравствена, секаква“, изјави Мицкоски.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...