Мицкоски: Понудив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам кандидат за претседател, но едногласно беше одбиено

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По Централниот комитет вечерва во ВМРО-ДПМНЕ, изјава даде лидерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека понудил вонреден конгрес, на кој нема да биде кандидат за претседател, но на Централен комитет било одбиено.

„Понудив одржување на вонреден Конгрес, на кој јас нема да се кандидрам за претседател. Беше одбиено од членовите на Централниот комитет“, рече Мицкоски.

Мицкоски претходно рече дека ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите, а иницијаторите во изминатите неколку недели бараа Вонреден конгрес за негова смена и избор на нов претседател на партијата.