Мицкоски: Нема реформи со Кацарска како уставен судија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил пишува дека нема реформи со судијката Добрила Кацарска како уставен судија.

„Денеска гледаме дека Добрила Кацарска ќе станувала уставен судија, ќе добила унапредување поради тоа што добро одработила изминатиот период. Не може да има реформи со неа. Вие не можете да имате доверба во судството, ќе се чувствувате обесправени секогаш, затоа што ние гледаме како политичар бара мито и тој политичар поради процедурални причини е на слобода.Сите најдобри закони на хартија убаво изгледаат, но поентата е како тоа во пракса да се применува, јас токму тоа се обидувам да објаснам, затоа луѓето се чувствуваат разочарани и обесправени“, пишува Мицкоски.

Имено, ваквата реакција доаѓа откако судијката Кацарска беше предложена за нов уставен судија, а Судскиот совет едногласно ја поддржа.

Денеска гледаме дека Добрила Кацарска ќе станувала уставен судија, ќе добила унапредување поради тоа што добро…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Dienstag, 29. September 2020