Мицкоски: Избори во средина на јули – Заев: Доста е со опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

НАШ ПРЕДЛОГ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за...

ВМРО ДПМНЕ конечно го кажа својот став – избори во средината на јули, во спротивно ќе ги бојкотираат изборите доколку се одржат на 5 или 8 јули. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ е важно да се прецизираат строги протоколи на гласање кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните со задолжително присуство на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР.

- Реклама -

„Затоа за мене е многу важно да се премости овој пик, да се создаде стабилизација во некаква нормала, а во меѓувреме да се прецизираат строги протоколи на гласање кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните. И кога тоа ќе се обезбеди да се оди на гласање со целосно почитување на уставот и законите. Ова пред се значи прочистен избирачки список и присутна мисија на ОБСЕ И ОДИХР во државата“, истакна Христијан Мицкоски.

- Реклама -

Тој го повика Претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба со цел да се изработат протоколи за заштита на здравјето на граѓаните.

- Реклама -

„Одважи се, осмели се. Ти сакаш и претендираш да бидеш татко на сите граѓани, имаш време денеска до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба“, посочи Мицкоски.

Експресен одговор преку соопштение следуваше и од седиштето на владеачката СДСМ. За лидерот Зоран Заев, петти јули е законски датум за изборите и тие ќе се одржат со или без ВМРО-ДПМНЕ.

„На Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните воопшто не им е важно, тоа се само изговори за да нема избори. На средбата кај Пендаровски, Христијан Мицкоски не спомена ниту „З“ од здравје на граѓаните, ниту „З“ од здравство или здравствена криза. Граѓаните тоа го знаат. Впрочем токму Мицкоски шеташе по кафеани и теретани, прекршуваше мерки, а неговиот министер Чулев го поткопува системот одвнатре и го загрозува здравјето на граѓаните“, истакна Зоран Заев.

ОД ДУИ велат дека избори мора што поскоро, без разлика на кој датум би се одржале.

Од претседателскиот кабинет велат дека Пендаровски е подготвен да ја продолжи вонредната состојба, ако има договор меѓу партиите за друг изборен датум, по 5 јули.

Инаку меѓународните набљудувачи се очекуваат во земјата по 19 јуни. На веб страницата на ОБСЕ/ОДИХР веќе е објавен конкурс за ангажирање експерти од различни области кои треба да го следат изборниот процес.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и...