Мицкоски: Гарантираме безусловна правда и нула толеранција на корупцијата

НАШ ПРЕДЛОГ

Светските лидери денеска одлучуваат за помош за Либан

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден...

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење...

Клиниката за неврологија изготви „Водич за справување со невролошки заболувања во услови на Ковид-19 пандемија“

Универзитетската клиника за неврологија изготви Водич за справување со невролошки заболувања во услови на КОВИД-19, соопшти Министерството...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителот на кандидатската листа во Петтата изборна единица на коалицијата „Обнова за Македонија“ Игор Дурловски денеска беа во Дебар од каде порачаа дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има мерки кои гарантираат безусловна правда и нула толеранција на корупцијата.

- Реклама -

– Овие избори се избор каква Македонија сакаме да видиме за четири години од сега, а јас би рекол и годините кои што следат по овие четири години. Дали сакаме да ја гледаме Македонија којаќе биде засрамена, понижена, омаловажена, опљачкана, полна со криминал, корупција, многу неуспеси или Македонија која што ќе биде горда, исправена и во која сите жители кои се дел од неа, ќе можат гордо да кажат да јас сум од Македонија, рече Мицкоски.

- Реклама -

Посочи дека СДСМ ветувале дека ќе донесат правда, но, како што рече, за жал граѓаните добиле рекет, криминал и сиромаштија.

- Реклама -

Додаде дека внимателно се избрани проектите во програмата и оти посебен акцент е ставен на правната држава, почитувањето на законите и на Уставот.

Пред дебрани се обрати и носителот на кандидатската листа Игор Дурловски, кој порача дека  ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за поголем број инвестициски проекти за да се развие  Дебар, да се охрабрат повратниците од странство да инвестираат, да се развие бањскиот туризам и да се искористат природните потенцијали што ги нуди Дебар и Дебарското Езеро.

Посочи дека овие избори се шанса што не смее да се пропушти.

-Во изминативе три години имавме бројни неисполнети ветувања, разочарувања, лаги. Ни го погазија националното достоинство, не обезличија, ни го избришаа самобитното. Станавме заложници на една група лакоми политичари кои за сопствен интерес продадоа се, дури и сопственото име. Три години беа доволни да се види нивното неумење во економијата, во здравството, во образованието, во владеењето на право. Потфрлија буквално во се, ја донесоа Македонија до дното и без срам продолжуваат да го прават истото. Овие луѓе немаат образ. Затоа е време сите заедно да им кажеме доста е, вашето време заврш, рече Дуловски.

Пред дебрани се претстави и Алмин Шаиноски, кој е дел од кандидатската листа во оваа изборна единица од Дебар. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани...

Клиниката за неврологија изготви „Водич за справување со невролошки заболувања во услови на Ковид-19 пандемија“

Универзитетската клиника за неврологија изготви Водич за справување со невролошки заболувања во услови на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.

До утре туристичките агенции може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ за работа со ваучери

Лиценцираните туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, до утре, 10 август, може дополнително да се регистрираат на платформата...

Запалени автомобили во Ново Лисиче (ВИДЕО)

Запалени се неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче во близина на последната станица на автобусот 5-ка. Засега не...