Мицкоски: Барам лидерска средба не затоа што Заев ми е мил, туку затоа што мора да се надмине оваа здравствена катастрофа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протест против мафијата, за правда и слободи, во своето обраќање пред присутните рече дека е потребно организирање на лидерска се со цел надминување на катастрофите со кои се соочуваат и граѓаните и државата.

„Ако на пролет кога беше првиот бран од оваа катастрофа велеа дека блескаме и дека работата ја имаат под контрола мислејќи дека во текот на летото интензитетот ќе се намали и тие ќе бидат хероите сега драги пријатели се движиме кон многу потежок период од есента доаѓа зимата а ние за жал поради овие калкулантски политики на оваа политичка мафија ќе ја пречекаме оваа зима неподготвени. А тоа денеска чини човечки животи. Неспособноста нивна не е политичка придобивка за опозицијата туку уште еден човечки живот помалку на трпезата на ручек, вечера. Уште едно загубено работно место уште едно предавство и понижување. Затоа еден почитуван мој пријател соборец сопартиец ќе рече не ти требаше да бараш лидерска средба никогаш опозицијата не бара власта не дава. Да можеби е тоа така во некои други мирнодопски времиња но денеска ние се бориме за опстанок. Ова е повеќе од воена состојба катаклизмата е пред нас. И кога гледате дека нема разум чест и честитост тогаш единствено нешто што ви преостанува е сами да се изборите за тоа што можеби вам ви припаѓа. Да се изборите за вашиот народ за вашите сограѓани да се изборите за Македонија. Ете затоа ја побарав таа лидерска средба. Затоа почитувани пријатели нема простор за суетност и гордост, туку за одговорност кон својата држава и граѓаните на Македонија. Затоа треба да се седне и разговара. Тоа ќе значи и спасени животи. И го барам ова не затоа што Заев ми е мил, туку затоа што се работи за нашата татковина и нашите најмили, вели Мицкоски кој додаде дека власта не успева да се справи со коронавирусот, односно, како што рече, со Зоран Заев се случува катастрофа на квадрат.