Минов: Ако Јанчев е разрешен, јас излегувам од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ се наоѓа пред голем „колапс“ откако вечерва и Пратеникот Панчо Минов во интервју за телевизијата „24 вести“, кажа дека доколку Јанчев е разрешен од ВМРО ДПМНЕ, тогаш тој ќе ја напушти пратеничката група на опозициската партија.

„Ако е вистина дека Јанчев е разрешен од ВМРО ДПМНЕ, тогаш јас ќе ја напуштам пратеничката група на партијата. И нема да бидам дел од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ додека Мицкоски е претседател. Ова се недемократски методи“, се зборовите кои Минов ги кажа во емисијата „24 анализа“.