Министерството за правда ќе испрати ново барање за екстрадиција на Никола Груевски

НАШ ПРЕДЛОГ

Исечени гранки на 13 диви костени во Тетово – граѓаните се жалеле за непријатен мирис и измет

Денеска на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, во близина на комплексот банки и станбени објекти, се исечени...

Наскоро брзи тестови за ковид-19 – Филипче: Јануари ќе биде критичен месец

Во воспоставување на нова стратегија за широко тестирање и тестови кои ќе бидат готови за 15 минути,...

Објавен неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 септември

Објавен неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 септември - тестирани...
-Реклама-

Министерството за правда во наредниот период ќе испрати нови барања за екстрадиција на сторители на кривични дела, за кои има нови околности или обвиненија.

-Ќе укажеме на сите нови околности за да се обидеме да ги донесме оние кои се обиделе да избегаат или избегале од правдата, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со новинари.

- Реклама -

Во врска со екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски тој истакна оти е одлука на унгарската Влада да не го екстрадира.

-Ние последниве три недели немаме добиено никакви нови одговори. Мислам дека претхходно во два наврата имаме побарано екстрадиција, сега ќе побараме повторно согласно новите околности и обвиненија. Одговорите се секогаш исти, мислам дека тоа е нивна и политичка проценка и одлука на унгарската Влада за задржување на бегалецот Груевски, рече министерот за правда.

- Реклама -

Тој истакна дека Министерството за правда редовно доставува барања за екстрадиција за сите сорители на кривични дела, оние кои се во постапка, а се во бегство. За некои од нив, рече, досега неколку пати е побарана екстрадиција.

На прашањето за екстрадиција на лицата обвинети во „Монструм“, министерот Маричиќ истакна дека неодамна разговарал со косовскиот министер за правда, но не станало збор за конкретни случаи. Тие се договориле набрзо да имаат средба на која ќе бидат отворени сите прашања.

- Реклама -

-Мислам дека постапката за случајот „Монструм“ во наредниот период ќе има некаква разрешница, барем така најавија и од обвинтелството и судовите. Верувам дека тоа ќе биде завршено во најкус можен рок. Јас како министер за правда сум подготвен повторно да ги поднесеме барањата и во Будимпешта и во Косово и секаде каде имаме луѓе кои избегале во претходниот период, рече министерот за правда Маричиќ.

Филмскиот фестивал Џифони се одржува под посебен протокол

Гости во вчерашната емисија „Урбан таг“ на ТВ21 беа извршниот директор на фестивалот Дарко Башески и програмскиот директор Деа Тембо Крстевска.

Исечени гранки на 13 диви костени во Тетово – граѓаните се жалеле за непријатен мирис и измет

Денеска на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, во близина на комплексот банки и станбени објекти, се исечени гранки на 13 диви костени...

Трамп негира дека за потпретседател сакал да ја стави неговата ќерка Иванка

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече смешни извештаите за тоа дека на изборите во 2016 година разгледувал можност неговата ќерка Иванка да...

Регистрирани 112 нови случаи на ковид 19, починати се 8 лица, оздравени се 159 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во:...

Три лица загинаа во пожар во Калифорнија, евакуирани илјадници луѓе

Три лица загинаа во пожарот кој го зафати северниот дел на Калифорнија во округот Шаста, додека друг пожар изби во познатите вински...