Министерство за здравство: Да се почитуваат протоколите за работата на плажите и базените

НАШ ПРЕДЛОГ

ВИДЕО: Воз удри во автомобил кај Тетово

Воз вечерва удри во автомобил во близина на Тетово, јавува дописникот на ТВ21. Во...

Земјотрес со епицентар во источна Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана...

Цариниците во Тетово слушнале гласови, па пронајдоа 10 мигранти во камион

Околу 12 часот напладне, царински службеник на тетовскиот царински терминал, при рутинска проверка слушнал гласови кои доаѓале...

Со оглед на зголемениот број посетители во туристичките места низ државата, Министерството за здравство преку соопштение апелира да се почитуваат донесените протоколи од Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во текот на пандемијата со Ковид-19, како од страна на посетителите, така и од страна на вработените.

- Реклама -

Препораките, како што се посочува, опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетители за носење лична заштитна опрема на лицето, што го покрива делот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од еден ипол до два метра, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.

- Реклама -

Согласно Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со Ковид-19, освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки: носење лична заштита на лицето, држење физичка дистанца од два метра, често миење на рацете со вода и сапун, или со средство за дезинфекција, се предвидува и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите и точното и видливо информирање на посетителите со информативно-едукативен материјал, во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување, и гласовно информирање за придржување кон препораките, потенцираат од Министерството.

- Реклама -

На плажите, како што се нагласува, е задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од четири метри, а растојание од еден ипо до два метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица, кои ќе го контролираат бројот на посетители и спроведувањето на мерките. На плажите не се препорачува користење гардероби на плажа. Воедно, протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со Ковид-19 ги уредува и санитарно-хигиенски мерки, препораките за вработените, а за користење на угостителски услуги се препорачува почитување на протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со Ковид-19.

Во однос на работата и функционирањето на базените, во протоколот за работа на базените во тек на пандемија со Ковид-19, покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, утврдено е пред билетарите задолжително да се обележи растојание (место за чекање) од еден ипол до два метра.

Исто така, меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди тоа растојание или заштитна бариера. Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети. Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба. Се препорачува зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои два часа (по потреба и почесто). При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете, стои во соопштението од Министерството за здравство.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес со епицентар во источна Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Цариниците во Тетово слушнале гласови, па пронајдоа 10 мигранти во камион

Околу 12 часот напладне, царински службеник на тетовскиот царински терминал, при рутинска проверка слушнал гласови кои доаѓале од товарен камион. Луѓето кои...

До трето одделение со физичко присуство – другите ученици ќе учат од дома

Комисијата за заразни болести предложи учениците од прво, второ и трето одделение од 1 септември да се вратат во училишните клупи. Другите...

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20. 930,922 лица. Од нив починале 749.596, а оздравеле 13.797,055 луѓе.