Министерство за правда на Бугарија: Груевски нема бугарски пасош

Во дел од медиумите се појави информација дека поранешниот премиер Никола Груевски бегството во Унгарија го извршил со пасош на Бугарија, од министерството за правда на нашиот источен сосед ги демантираа овие шпекулации.

„Никола Груевски не е државјанин на Бугарија, и не поднел документи за издавање на бугарска патна исправа. МВР нема издадено бугарски пасош на Груевски“, велат од прес-центарот на министерството за правда.

И натаму не е познато како Груевски успеал да влезе во Унгарија, со оглед дека и личниот и дипломатскиот пасош му се одземени од страна на Судот.