Министерот Филипче повторно во сала – успешно извршена операција на 29-годишна пациентка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека повторно се наоѓа во сала на операција.

Тој посочува дека утрово со колеги од Неврохирургија извршиле успешна операција кај 29-годишна пациентка.

„Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна и беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува“, пишува Филипче.