Миле Јанакиески вратен во Шутка

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е вратен во Шутка, потврди вечерва директорот на затворот – Ѓоко Котевски во изјава за медиумите.

Котевски рече дека денеска се случени два инциденти, едниот во 13 часот и другиот во 14 часот. Додаде дека во затворот реакцијата на полицијата е брза и дека ги осудуваат овие инциденти.

Од болницата „8-ми септември“ претходно преку соопштение информираа дека не се констатирана телесни повредни кај Миле Јанакиески.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!