Меморандумот нема да влијае на преговорите? -Холштајн: Бугарија билатерално да ги решава прашањата

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Притисокот на Бугарија преку меморандумот до земјите членки на Европската унија да издејствува бугарските толкувања на историјата да бидат дел од условите за почнување преговори се чини не наиде на поддршка од Германија која во моментов е и претседавач со Унијата, но и од другите земји членки. Германската амбасадорка Анке Холштајн во интервју за Радио Слободна Европа порача дека билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка и тие треба да се решат меѓу двете земји. Холштајн се надева дека земјите членки ќе постигнат договор за преговарачката рамка и дека одржувањето на првата Меѓувладина конференција ќе се одржи во декември.

„Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатералните проблеми не треба да се ставаат во преговарачка рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската унија во овој регион“, посочи Анке Холштајн.

За бугарскиот меморандум за кој вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи тврдеше дека тој е еден вид коресподенција на Бугарија со другите земји членки и дека ние не сме дел од таа коресподенција, премиерот Зоран Заев рече дека нашава земја била информирана за тој документ. Со Бугарија сме заеднички домаќини на Берлинскиот процес, истакна Заев кој е убеден дека ќе се најде решение. За иницијативата на Милошоски Собранието да усвои декларација со која ќе се спротивставиме на ваквиот меморандум, Заев рече дека тоа не е добро бидејќи не води кон решение.

„Како што реков ова е проблем на шестата историска личност за која што треба да разговараме или да кажам на четвртото историско поглавје кое што е пред нас, а верувам дека идентитетските прашања треба да бидат надвор од било какви разговори заради тоа што и мојот пријател премиерот Борисов и другите политичари интелектуалци се обраќаат кон македонскиот народ зборува дека постои македонски јазик и тука нема никакви дилеми“, посочи Зоран Заев.

Во бугарскиот меморандум се бара Македонија да се откаже од македонското малцинство во Бугарија, дека Македонија е творба на Тито, а македонскиот јазик не постоел до втори август 1944 година и е бугарски дијалект.

Белгиската министерка за надворешни на интензивна нега поради Ковид-19

Министерката за надворешни работи и поранешна премиерка на Белгија, Софи Вилмес, е хоспитализирана на интензивна нега откако беше заразена со Ковид-19, јави...

Заев: Со добра волја и низ дијалог ќе ја оствариме нашата следна стратешка цел – членството во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска одржа прес-конференција по повод онлајн средбите со високиот претставник за надворешна политика...

Марковски: Ќе биде многу лошо ако сите инфекции ги ставаме во ковид кошот

Проф. д-р Вело Марковски вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21, каде што дебатираме за коронавирусот, и за тоа какви решенија...

Марковски: PCR тестовите за коронавирус се голема грешка

Вело Марковски гостува вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој смета дека овие ПЦР тест кои се бараат за да се оди...

Во Чешка нов рекорд – 14.968 новозаболени, се затвораат многу трговски центри и хотели

Во Чешка во изминатите 24 часарегистрирани се рекордни 14.968 луѓе инфицирани со новиот коронавирус. Во истиот период 69 луѓе...