Медицинскиот кадар изненаден – по втор пат може да се заразите од ковид-19, можноста за грешка исклучена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

И доколку сте оздравеле, повторно можете да се заразните со Ковид-19.

Се уште не е официјално потврдено дали може да ви се врати корона вирусот ако сте го прележале, но две медицински сестри, од кумановската болница, се заразени со Ковид-19 иако пред два месеци го прележале вирусот. Тоа го изненади целиот медицински кадар.

„Едната медицинска сестра учествуваше во процесот на дарување на плазма и ние ја потврдивме како позитивна. Другата медицинска сестра која повторно е заразена, односно има позитивен резултат, имаше здравствени проблеми и во текот на нашата анализа, односно во текот на тестирањето потврдивме дека е позитивна“, истакна Ариф Љатифи.

Од Инфективното одделение велат дека не се знае дали е можно повторно да се зарази сите лица и дали се создава имунитет откако ќе помине Ковид-19. Од таму не објаснуваат како е можно на некого повторно да му се врати вирусот во толку краток период.

„Имаше неколку случаи и во Кина, но се уште не можеме да зборуваме за нешто сигурно, поради тоа што науката се уште нема конкретен заклучок и за симптоматологијата на вирусот и за терапијата и за сите здравствени доктрини, за да може да ги основа, треба да помине долго време, фактички додека да се открие вакцина која ќе даде некаков резултат. Но, и за тоа е потребно време, најмалку една година“, посочи Алириза Османи.

Но дали постои можност да се случи грешка во текот на првиот и вториот тест?

„Категорично ја исклучуваме можноста за грешка при тестирањето, при анализа на брисевите или некој друг технички процес“, додаде Ариф Љатифи.

Директорката на кумановската болница, Снежана Захариева, не сакаше да се произнесе за ТВ21 иако неколку пати ја побаравме за различни теми. Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера рече дека можеби станува збор за мутација на вирусот. Слични случаи има и во други земји, но зошто тоа се случува науката се уште нема точен одговор, додаде Филипче. Инаку, ова е прв пат откако корона вирусот е присутен во нашата земја, лица кои оздравиле од КОВИД-19 повторно да се заразат.