Медалите за ОИ 2020 во Токио ќе се прават од рециклирани телефони, компјутери…

Медалите за следните Олимписки игри во Токио 2020 година, за прв пат ќе бидат изработени од рециклирани метали, потврдија денеска организаторите.

За медалите ќе бидат употребувани метали од електронски направи, кои се собирани во Јапонија во посебна акција.

Тоа се метали од смарт телефоните, дигиталните фотоапарати и лап топ компјутери. Од тие електронски апарати се добиени 2700 килограми бронза, 1800 килограми сребро и 16.5 килограми злато.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!