Марковски: Ноември и декември имаше непозната епидемија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вело Марковски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека во ноември-декември минатата година имала некоја епидемија, кому не му била јасна. Тој смета дека можеби голем дел од луѓето тогаш стекнале некаков иминутет, и сега не се разболуваат.

„Ноември-декември имаше некаква епидемија, нејасна… и мене ми се јавуваа студенти и пациенти. Едните одеа како грип, другите одеа не како грип…

Можеби затоа школските деца не ни се разболуваат, и затоа една категорија на луѓе кои се постојано изложени, иако носат маски, имаат 1000 контакти, не се разболуваат бидејќи веќе имаат имунитет. Можеби тоа беше некој алфа ковид“, рече Марковски.