Марковски: Една маска која беше 2 денари, сега се продава за 60 денари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Маските се скапи“, смета професорот Вело Марковски, кој ова го истакна во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој истакна дека државата морала да реагира со цените на маските, односно да ги казни оние кои сакале да профитираат со продажбата на заштитна опрема.

„Маските се многу скапи, и тука требаше да се интервенира. Како може една маска која беше 2 денари, да се продава по пола евро, едно евро.

Тука државните институции затаија, мораа да бидат поажурни. Ако оние кои заработуваат во војна се војни профитери, ова е исто во време на пандемија. мораше да има интервенција“, рече Марковски.