Македонски полициски синдикат: Награда од 15.000 денари е омаловажување кон полицијата, треба најмалку 25.000 денари

НАШ ПРЕДЛОГ

Бузаку со скандалозни документи: ИВЗ исплатила 20.000 евра на синот на сега разрешениот поглавар Реџепи

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вчера гостуваше Скендер Буџаку кој за себе рече дека е...

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост...

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично...

Раководството на Македонскиот полициски синдикат реагира по повод најавите за награда на полициските службеници од 15.000 денари предложени од министерот Наќе Чулев, а за кои вчера министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека „не кореспондираат со ребалансот на буџетот“. Македонскиот полициски синдикат смета дека полицајците треба да добијат поголема награда.

„Во периодот кој што измина на повеќе наврати од министерот Чулев покрај низата барања, бараше на сите вработени во Министерството за внатрешни работи поради посебен допринес во борбата со Covid 19, да им се исплати награда во висина од најмалку една просечна плата. Министерството не го прифати нашето барање при што нелогично за нас самостојно излезе со барање до Владата на Република Северна Македонија за донесување на Уредба со законска сила според која на секој вработен во Министерството за внатрешни работи да му се исплати награда во висина од 15.000,оо денари. Денес после изјавата на Министерката за Финансии се обелодени дека МВР ги нема и тие парични средства односно нема парични средства за исплата и на 15.000,оо денари награда на секој вработен и дека со ребалансот на буџетот нема побарано финансиски средства за оваа намена.

За нас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата сумата од 15.000,оо денари е потценувачка и омаловажувачка поради што од министерот бараме под итно да изнајде начин и парични средства и на сите вработени во МВР да им се исплати парична награда во висина од најмалку 25.000,оо денари.

Македонскиот полициски синдикат се надева и на јавна поддршка на ваквото наше барање од причини што сите граѓани на Република Северна Македонија  се свесни за жртвата и посветеноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи во насока на зачувување на здравјето, имотот на граѓаните и јавниот ред и мир во овој период на владеење на светска пандемија од вирусот Covid 19.

Ги охрабруваме сите вработени во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансова полиција да продолжат со посветеното и пожртвувано извршување на своите службени задачи, а на МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ да ја остават борбата за сите нивни права од работен однос со надеж дека во најкус временски период ќе ја добиеме наградата од најмалку една просечна плата во Република Северна Македонија.“, соопштија од македонскиот полициски синдикат.

- Advertisement -
- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост меѓу граѓаните.

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои...

Вонредната состојба ќе се продолжи? Спасовски не ја промени уредбата, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со бојкот на изборите

Со завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат сите изборни активности, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Тој ја отфрли можноста за одложување на изборите...

Разрешен поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи – Бузаку: Сценарио диригирано од Реџепи

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е разрешен од неговата функција. Оваа одлука е донесена со 2/3 од гласовите на вонредната седница на...
- Advertisement -

НА ИСТА ТЕМА

- Advertisement -