НАЈНОВА ВЕСТ

101 новозаразени, 4 лица починаа од коронавирус – биланс за последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7,...

Македонски државјани вратени од аеродромот во Софија пред полетување за Цирих

НАШ ПРЕДЛОГ

Бугарската амбасада донираше опрема во Клиничка болница-Битола

Клиничка болница-Битола доби нова заштитна опрема изработена по најсовремена технологија, донација од Генералниот Конзулат и Амбасада на Република Бугарија.

Скопјанец пронајден мртов во стан на булеварот „Партизански одреди“, нема траги на насилство

Седумдесет и шестгодишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот стан на булеварот „Партизански одреди“. Не е констатирана...

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка – на посебната веб страна ќе можат да проверат дали се корисници

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават...

Македонски граѓани со двојно државјанство меѓу кои и 12 сезонски работници од Делчево и Струмица, биле вратени од софискиот аеродром пред поаѓање за Цирих.

Како што тврдат самите патници, враќањето од аеродромот се случило на 10 минути пред поаѓањето на авионот, иако имале купена авионска карта и декларација за коридор, односно превоз од ГП „Ѓуешево“ до аеродромот во Софија.

- Реклама -

– Вработените во компанијата без никакво објаснување не ни дозволија да заминеме на привремена работа во Швајцарија, иако имаме валиден договор за престој и работа во оваа земја. Се враќаат патници не само со македонско и двојно државјанство, туку и од други земји и тоа на само 10 минути пред влегување во авионот, со што не бевме во можност правно да реагираме, велат патници кои биле вратени од аеродромот, информираа за МИА дел од вратените македонски државјани.

Враќањето од аеродромот, како што додаваат, се случува иако претходно се направени сите процедури и контроли, но кога требало да влезат во авионот едноставно ги вратиле назад, со што целосно им пропаднале авионските карти и договорот за работа со швајцарските работодавци.

Тие со македонско и двојно државјанство сега се наоѓаат во 14 дневна домашна изолација.

– Во наредните 14 дена нема да бидеме во можност да реагираме за неправдата која ни е нанесена, бидејки сме во самозиолација. Сепак ќе бараме правна разврска за овој грабеж од страна на компанијата. Ова што нам ни се случи нека биде поука и за сите останати кои планираат да ги користат услугите на бугарската авио-компанија, велат дел од патниците кои поради неможноста да дадат изјава, телефонски за МИА информираа за случајот.

Тие наведуваат дека на граничните премини и од македонска и од бугарска страна, како и гранична полиција од двете страни коректно се однесувале кон нив по враќањето во земјава, додека правните дејствија ќе бидат насочени кон компанијата „Ер-Бугарија“ од која ќе бараат оштета и целосно враќање на средствата за авионските карти. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Скопјанец пронајден мртов во стан на булеварот „Партизански одреди“, нема траги на насилство

Седумдесет и шестгодишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот стан на булеварот „Партизански одреди“. Не е констатирана насилна смрт, а во извлекувањето...

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка – на посебната веб страна ќе можат да проверат дали се корисници

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Соодветните...

Тачи го поздрави изборот на новата косовска Влада

Претседателот на Косово, Хашим Тачи им честита на пратениците во косовското Собрание за изгласувањето на новата Влада, која ќе ја води Авдулах...

Куќата на Хитлер ќе биде пренаменета во полициска станица

Куќата каде што е роден нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, во Браунау, западна Австрија, ќе биде пренаменета во полициска станица. Министерството за внатрешни...