Македонија, центар на лажните вести, заработуваат од кликови, штетат на угледот на државата

https://www.youtube.com/watch?v=jfi4FEa2tGw

Објавуваат неточни содржини за да добијат пари од кликовите. Според CNN и BBC, Македонија стана центар  на лажни вести во светот, откако нивниот извор беше утврдено дека се наоѓа во Велес.

„Тоа е тренд со Фејсбук страните, се споделуваат лажни вести, само со една цел, да добијат што повеќе кликови. Но да беа одговорни личности, тоа не би го сториле.  Зборуваме за луѓе кои се свесни за своите постапки. Вистина е дека имаат добивка, но и губат поради тоа што не ги почитуваат политиките на Фејсбук. Компаниите прават контроли и развиваат и произведуваат алгоритми и средства за да ги идентификуваат тие кои не ги почитуваат правилата“, вели Едмонд Јајага, универзитетски професор и софтверски инженер.

Вчера, зборувајќи за СиЕнЕн околу злоупотребата на личните податоци на милиони луѓе во светот, преку  Фејсбук,  сопственикот и креатор на најраширената социјална мрежа,  Марк Цукерберг, посочи и дека во 2017 година биле откриено многу лажни профили од Македонија  за ширење лажни вести , во време на  специјалните избори во Сенатот во Алабама.

Пред една година вртоглавите суми стекнати од кликови и други онлајн услуги за реклами, мотивираше многу млади од  Велес да креираат „Фабрики“ за лажни вести, за кои се верува и дека се користеле за влијание и во текот на  претседателските  избори во САД.  Тогаш на групата млади од Велес посочи и поранешниот американски државен секретар, Хилари Клинтон која во контроверзни околности ја загуби од Доналд Трамп  претседателската трка во САД во 2016.

Арбана Ќерими

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here