ИЗБОРИ

Македонија меѓу земјите за кои од 15 јуни е дозволен влез во Грција

НАШ ПРЕДЛОГ

Загинал при извршување на работи во каменолом

На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен...

Уапсена гевгеличанка – наместо во самоизолација, била на базен

На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија,...

Во Белград прогласена вонредна ситуација

Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна...
- Промо -

Нашата земја е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

- Реклама -

Како што е веќе познато, за влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават анализи по случаен избор.

Од министерството за туризам на Грција соопштуваат дека конкретната листа била направена откако бил проучен епидемиолошкиот профил на земјите од каде потекнуваат туристите, биле земени предвид вчерашните соопштенија од Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА), како и соодветната препорака од Комисијата за заразни болести од грчкото Министерство за здравство.

- Реклама -

На листата од Министерството за туризам на Грција се следните земји: Албанија, Австралија, Австрија, Северна Македонија, Бугарија, Германија, Данска, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Израел, Кина, Хрватска, Кипар, Латвија, Либан, Литванија, Малта, Црна Гора, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореа,  Унгарија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Чешка и Финска.

За земјите кои што не се вклучени во листата, остануваат во сила актуелните правила, додека пак пред втората фаза на отворањето на грчкиот туризам на 1 јули, ќе биде објавена нова листа.

Од Министерството за туризам на Грција, соопштуваат дека „во секој случај, епидемиолошкото следење и оценувањето ќе бидат континуирани“.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уапсена гевгеличанка – наместо во самоизолација, била на базен

На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на...

Во Белград прогласена вонредна ситуација

Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација, која стапува во сила...

Боки 13 продолжува со поднесување кривични пријави во ОЈО

Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со...

Санкционирани 470 лица за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие полицијата на територијата на државата регистрирала 470 прекршување на мерката за носење заштитна маска на лицето за...