„Македонија блокира“: Министерот во МВР Спасовски ја направи првата опасна провокација во врска со денешнот голем Сенароден протест пред Собранието

Ја информираме јавноста дека министерот во МВР Оливер Спасовски ја направи првата опасна провокација во врска со денешнот голем Сенароден протест пред Собранието на Република Македонија.

Утрово министерот Спасовски дал наредба за првпат во историјата на протестирање пред Собранието заштитната ограда да се постави на самиот булевар со што се узурпира просторот наменет за народот.

Го повикуваме Спасовски да ја помести оградата на вообичаеното место пред самото Собрание бидејќи во спротивно не гарантираме за безбедноста доколку народот се доведе во ситуација самиот ја оддалечи оградата на вообичаеното место. – се вели во соопштението на „Македонија блокира“.

Кој министер ви остави најдобар впечаток во 2018 година?

View Results

Loading ... Loading ...