Локалите узурпираат јавни површини во Кичево – пазарниот инспекторат и ја префрла вината на полицијата

НАШ ПРЕДЛОГ

МОН: Успешно заврши првиот училишен ден, важно е секое дете да следи настава

Министерството за образование и наука соопшти дека првиот училишен ден помина успешно за најголем дел од учениците...

Дескоска: „Дебатава“ за импичмент наликува на она „нишајте го бродот за нешто да се случува“

Поранешната министерка за правда на социјалната мрежа Фејсбук попладнево објави свој став по однос на најавите дека...

Учениците од Лешница ја бојкотираат наставата, родителите се жалат за стариот училишен објект

40 ученици од Лешница – Желино ја бојкотираа наставата иако од МОН добиле одобрување за настава со...
-Реклама-

Преку лето во Кичево локалите и продавачите ги узурпираат тротоарите. Со тоа се отежнува движењето на пешаците кои се принудени да одат по улица каде што поминуваат автомобили. Овој проблем во Кичево е присутен со години. Неколку локали кои ја забележаа екипата на ТВ21 на терен, ги тргнаа масите кои беа поставени на тротоар. Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари рече дека поради пандемијата со Ковид-19 ги повлекол даноците за локалите но како што рече, тие го злоупотребуваат тоа и поставуваат маси на тротоар. Тој упати апел сопствениците да внимаваат со узурпирањето на јавните површини.

„Ние одлучивме да не се оданочуваат барем оваа година и да се продолжи да се следи состојбата. И јавните површини кои се користат од локалите, било тие во кои се служи храна или кафетериите, да не се оданочуваат. Упатувам апел сега да го искористам моментот, да внимаваат и да не го узурпираат јавниот имот, значи не безгранично“, вели Фатмир Дехари.

- Реклама -

ТВ21 го контактираше Пазарниот инспекторат во Кичево, но од таму одбија да одговорат во врска со узурпацијата на јавните површини. Тие велат дека не се одговорни за тоа и дека престанале да одговараат на новинари бидејќи според нив овие информации за узурпација на јавни површини, не се јавни. Тие прстот го вперија кон полицијата. ТВ21 го контактираше и СВР Охрид. Од таму ни рекоа дека не секогаш полицијата треба да ја врши и работата на инспекторите, туку дека во соработката треба да се постават правила.

„Полицијата на своја иницијатива и во соработка со пазарните инспектори врши контрола за узурпација на јавни површини. Во случај да полицијата забележи узурпација на јавна површина, се прави соодветна пријава за узурпираниот простор“, велат од СВР Охрид.

- Реклама -

Броевите со префикс на Пазарниот инспекторат во Кичево и Гостивар не се во функција. Неколку пати се обидовме да ги контактираме во текот на денот, но безуспешно.

ВЕСТИ ВО 19:30

#21LiveNews

#21LiveNews 19:30 Вести на македонски јазик | 01.10.2020

Posted by TV21 on Thursday, October 1, 2020

В недела по 16-ти пат Скопски маратон

Во вчерашната емисија „Урбан таг“ гостинка во студиото Гордана Кузмановска Николовска, дел од организацијата на Скопскиот маратон кој треба да се случи...

Побаран притвор за скопјанец поради силување и физички напад

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице , скопјанец на 55 годишна возраст, поради основано сомнение дека го...

Вкупно 1.130 деца посетуваат физичка настава во Кавадарци

Вкупно 1.130 деца посетуваат физичка настава во Кавадарци, во согласност со мерките за заштита од вирусот Ковид-19, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко...

Учениците од Лешница ја бојкотираат наставата, родителите се жалат за стариот училишен објект

40 ученици од Лешница – Желино ја бојкотираа наставата иако од МОН добиле одобрување за настава со физичко присуство. Родителите се револтирани...

Средба Бесими – Сера: Шпански компании заинтересирани да влезат во изградба на Коридорот 8

„Актуелната здравствено-економска криза којашто го зафати целиот свет, вклучувајќи ги и Република Северна Македонија и Шпанија, наметнува активно следење на ситуацијата и...