Литванија денеска ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Сејмот на Литванија денеска на пленарна седница ќе гласа за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата ќе присутвува претседателот на Собранието Талат Џафери.

Вчера тоа го стори и романскиот парламент, а претходно протоколот го ратификуваа Грција, Словенија, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Хрватска.

По ратификација на сите 29 земји членки, Северна Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!