Лидерите на партиите идоли за младите, ЕУ им е заедничка желба на сите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ


Младите од албанските политички партии седнаа на заедничка маса за да дебатираат околу тоа колку тие се вклучени во креирањето политики на нивните матични мартии. Сепак, не заборавија да ги спомнат и да ги пофалат нивните лидери.

-Лидерот Али Ахмети е единствен лидер кој има визија и чиста визија за иднината, тој е единствен лидер кој досега не се занимавал со политичките противници, со навреди и пцости, како што прават лидерите на другите партии-вели Авни Рустеми од младинскиот форум на ДУИ.

-Тој е скромен човек, праведен и бескомпромисен кога станува збор за некој одлука особено за албанското прашање-рече Лиридон Усеини од движењето БЕСА.

-Мислам дека Мендух Тачи е праведен и многу упорен. Тој има голем историски багаж, и мислам дека историјата ќе го позиционира секогаш на вистинската страна, никогаш нема да го позиционира со опортунистите-рече од младинскиот форум на ДПА Дритон Ибиши.

-Зијадин Села е најдобриот активист кого го имаме во АА, можеби е најискрениот човек кого го имаме тука-изјави Омер Ајдини од младинскиот форум на Алијанса за Албанците.

-Африм Гаши е интелектуалец, пред сѐ е човек. Кај него преовладуваат човечките вредности-вели Афан Елези од Алтернатива.

Според претседателите на младинските форуми единствениот пат за нашата земја е влезот во ЕУ. Активностите на форумите во текот на пандемијата главно биле фокусирани на информирање на граѓаните за коронавирусит и дистрибуирање заштитни маски. Во синоќешото издание на „ЕУ Клик“, соговорниците разговараа и за претстојните избори и активностите кои ќе ги организираат.