Лидерите на Либан знаеле за бродот-бомба? – Претседателот со една изјава ги разбесни новинарите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Либан, Мишел Аун знаел за залихите на експлозивниот материјал кој бил складиран во бејрутското пристаниште пред скоро три недели пред да експлодира и наредил да се преземе акција уште тогаш, иако тој, како што вели, нема овластување врз објектот.

„Дали знаете колку проблеми се натрупуваат?“, одговорил Аун на прашање од новинар за тоа дали требало да се следи што се случило после наредбата.

Таа изјава е, така наречена, потврда дека највисоките лидери на Либан, како и безбедносните сили биле свесни дека 2,750 тони високо експлозивен аммониум нитрат со години е складиран на пристаништето.

Хемикалиите експлодираа во вторникот, а се верува дека биле активирани по пожар. Во експлозијата загинаа повеќе од 150 лица, повредени се над 5.000 лица, а причинета е штета од над милијарда долари.

Телата на загинатите и денеска се пронаоѓаа во рушевините, а истрагата на експлозијата се фокусира на вработените на пристаништето кое е главно во Либан, а познато е по корупција и викано „Пештера на Али Баба“.

Сепак, многу Либанци наведуваат дека многу поголемо распаѓање го пробива политичкиот систем и се шири на највисокото раководство.

Аун истакнал дека поранешната влада знаеле за опасноста од хемикалијата откако го конфискувале од запленетиот брод во 2013 година.

„Материјалот бил таму седум години, од 2013 година. Бил таму и они кажаа дека е опасен, јас не сум одговорен. Не знам каде е оставен. Јас дури не знам ни кое е нивото на опасност“, истакнал Аун на прес конференцијата за новинари, додавајќи дека за залихите му кажале на 20 јули и веднаш наредил војниците и безбедносните лица да „направат што е потребно“.

Тој рекол дека барал од француските сателитски снимки од времето на експлозија за да се види дали тогаш бил некој авион или ракета, бидејќи смета дека постои можност експлозијата да е предизвикана со бомба или друга „инвервенција од надвор“.

Денес, четири дека по екплозијата која е најголема во историјата на таа земја, не се знае сигурно што ја предизвикало.