Лидерите без договор за датум – Заев бара избори во јуни, Мицкоски во август – септември

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СДСМ, Беса, ДПА бараат изборите да се одржат што поскоро. ВМРО-ДПМНЕ; АА и Алтернатива се за јули, додека ДУИ се уште без конкретен предлог. Партиските лидери не се договорија за датум за одржување на изборите. Лидерот на социјалдемократите вели дека сите аргументи укажуваат дека од условите зависи кога ќе се одржат изборите.

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски пак вели дека е разочаран од извештајот на Комисијата за заразни болести.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не кажа кој е нивниот предлог за датум за избори.

„Важно е да се постигне согласност од сите. Важно е да се има предвид здравјето на граѓаните и изборите се важни но како што објаснив, треба да се има предвид здравјето, да се постигне консензус  и согласност од страна на надлежните здравствени институции“, истакна Али Ахмети.

Според Села од  Алтернатива изгледа, сме во лавиринтот на законските, политичките и здравствените прашања. Доколку нема консензус меѓу лидерите ќе истечат роковите според уредбата која е на сила и која ја прогласи Владата.

„ДИК не може да организира избори 22 дена по вонредната состојба. Потребни се минимум 50 дена“, посочи Зијадин Села.

ОБСЕ ОДИХР вели дека се подготвени да мониторираат во моментот кога ќе се одреди датум за избори но имајќи ги предвид и протоколите. Предлогот екс – алтернативците  е изборите да се одржат на 26 јули. Заев како и Касами со истиот став, институциите да се подготват за избори.

Лидерите без договор за датум – Заев бара избори во јуни, Мицкоски во август – септември

Лидерите без договор за датум – Заев бара избори во јуни, Мицкоски во август – септември

Gepostet von TV21 am Montag, 18. Mai 2020