Лажни покани за наводна истрага – МВР предупредува граѓаните да не наседнуваат

НАШ ПРЕДЛОГ

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

Синоќа Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа уапсени неколку дилери на дрога во Кичево....

Филипче: Најостро го осудувам нападот на колегата лекар – институциите целосно да го истражат случајот

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалната мрежа „Фејсбук“ се јави по нападот попладнево на лекар на...

Нападнат лекар од токсикологија, завршил на Ургентен

Попладево бил нападнат лекар од Клиниката за токсикологија. Тој се здобил со повреда на окото и неколку...
-Реклама-

Лажни покани испратени на меилови, наводно од полиција со кои лица се повикуваат во МВР за тековна истрага, ги вознемири граѓаните кои добиле вакви пораки. На поканата, на која имало и потпис од државниот секретар на МВР Магдалена Несторовска било напишано да се јават во полиција во одреден термин во врска со некаква постапка. Текстот започнува невообичано за полициска покана.

„Комплименти, Се надеваме дека сте здрави и практикувате социјално дистанцирање. Со ова известување, вие сте поканети во полиција на Северна Македонија во врска со тековната истрага. Ве молиме, разгледајте ги приложените документи за брифинг и, доколку е потребно, контактирајте го вашиот адвокат“.

- Реклама -

Државната секретарка Магдалена Несторовска веднаш реагираше на својот фејсбук профил во кој напиша дека е лажна вест фалсификуван потпис и ширење паника. За ТВ21 таа изјави дека целта е да се предизвика револт кај граѓаните.

„Се работи за исклучително груб фалсификат со цел да се вознемират граѓаните денеска на празник, да се создаде револт непотребен кон државните органи, кон институциите, едноставно да се расипе празникот на граѓаните затоа што кога ќе добиете покана со таква содржина никому не е пријатно, прво е шокот и вознемиреноста па потоа се навлегува во детали и се анализира“, вели Магдалена Несторовска.

- Реклама -

Несторовска им порачува на граѓаните да не ги отвораат таквите мејлови, бидејќи зад тоа може да стои и компјутерски криминал, а доколку ги отвориле, да се обратат до Одделот за компјутерски криминал во МВР.

„Министерството веќе презеде активности, Одделот за комјутерски криминал работи на проблематиката, така што за кратко време очекувам дека ќе излеземе со официјален одговор, односно ќе дадеме појасна слика за тоа кој стои зад тоа и што му била целта. Се претпоставува дека се работи за некаков вирус и со самото отварање на мејлот се изложуваат граѓаните на опасност да им биде на некој начин украдени податоците“, додава Несторовска.

- Реклама -

Министерството за внатрешни работи реагираше до граѓаните да не наседнуваат на вакви измами и велат дека тие не користат електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура, се вели во соопштението од МВР.