Лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ меѓународно оценета со максимален успех на надворешниот тест на компетентност за детекција на SARS-CoV-2​

НАШ ПРЕДЛОГ

Телефонски разговор Заев – Борисов: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на С.Македонија

Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, истакнал бугарскиот премиер Бојко Борисов во...

Повеќе од 100.000 демонстранти на улица против Лукашенко

Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар...

Трамп ќе бара Бајден да се тестира на дрога пред нивниот прв дуел

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека силно ќе се залага неговиот противкандидат на претседателските избори во...
-Реклама-

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје го помина со максимален успех надворешниот тест на компетентност за детекција на SARS-CoV-2, спроведен од Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).​ Ова е исклучително значајно признание со кое се потврдуваат заложбите на здравствениот систем за справување со вирусот КОВИД-19.​

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера ги посети вработените во Институтот и им честиташе за успехот.

- Реклама -

„Неодамна, експертски тим од Светската здравствена организација ја прогласи лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје за национален инфлуенца центар и рамноправен член на глобалниот систем за надзор и одговор на грип. За таа цел, експертскиот тим спроведе мисија за проценка и верификација на капацитетите на лабораторијата. Сето ова е уште една потврда за квалитетот на резултатите кои произлегуваат од лабораторијата на Институтот за јавно здравје, заедно со конфирмацијата на резултатите од референтната лабораторија на СЗО за детекција на SARS-CoV-2 – Шарите од Берлин, Германија“, изјави министерот Филипче.

Инаку, лабораторијата за​ вирусологија е опремена со високо софистицирана опрема и современи и валидизирани реагенси и тестови, а воедно е кадровски екипирана со искусен и добро обучен персонал.​

- Реклама -

За потсетување, оваа лабораторија​ е​ референтна лабораторија во земјата за детекција на вирусни заболувања, вклучувајќи​ грип, морбили и рубеола, арбовируси (западно нилска треска, усуту вирус, вирус на крлежен енцефалкит, ЗИКА, вирус на рифт валеј треска и др), како и вируси на хеморагични трески – хантавирус, кримско-конгоанска треска и други.