Лабораториите работат со полн капацитет, за тестирање во јавно здравство се чека, во приватните термини има

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на тестови за Ковид-19 е значително зголемен. Дневно се прават по околу 2 и пол илјади. Со доаѓањето на есента, како што најавија и експертите, нѐ очекува втор бран на вирусот. Зголемен е и бројот на граѓаните кои сакаат да се тестираат. Министерот Филипче најави дека лабораториите во земјава ќе работат со полн капацитет со цел да се ослободат термини за да се направат што повеќе тестови за Ковид-19.

Термини за закажување на ПЦР тестови преку матичните лекари во јавното здравство нема со денови. Луѓе со симптоми на Ковид-19 чекаат да се ослободи термин и во друг град за да се тестираат, а дел од нив да го скратат времето на чекање принудени се да се тестираат во приватните лаборатории.Првиот човек на здравство, рече дека лабораториите работат во три смени со цел да не се намали бројот на тестирањата и да се одржува темпото. Додава дека не може да влијае врз центата на тестовите.

Во телефонски разговор, директорот на Центарот за јавно здравје, Александар Стојановски, за ТВ21 рече дека има оптоварување во однос на закажувањето термини за тестирање. Од почетокот на пандемијата во нашата земја, направени се над 230 илјади тестови на Ковид-19.