Курц: Затворањето на границите само ќе го преоптовари Западен Балкан

НАШ ПРЕДЛОГ

Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

Претседателот Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика.

Во Велес пронајдена мртва 79-годишна старица без траги на насилство

 Во Велес вчера претпладне било пронајдено мртво тело на 79-годишната Р. Д. во нејзиниот дом на улица...

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван и во охридскиот и преспанскиот регион

Земјотрес со епицентар во близината на албанскиот град Корча се случи утринава во 4:28 часот, а беше...

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска во Сараево истакна дека Австрија не сака едноставно да ги затвори своите граници и државите од Западен Балкан да ги остави на цедило со проблемот на бегалците, туку тежнее за пронаоѓање заедничко решение, посебно со Србија и Македонија, јави Танјуг.

На прес-конференцијата со шефот на босанската дипломатија Игор Црнадак, во Сараево, Курц укажа дека, доколку Австрија само ги затвори своите граници, ќе дојде до преоптоварување на Западен Балкан.

– Не сакаме никому да му наметнеме товар што никој не може да го издржи, порача тој за загриженоста на земјите од Западен Балкан дека одлуката на австриската Влада за ограничен  прифат на бегалци ќе предизвика застој во овие држави.

Според него, сосема погрешно беше што  Грција само ги пропушташе бегалците во земјите кои не се членки на ЕУ.

– Во меѓувреме, за среќа, дојде до освестување дека само пропуштање на бегалците не функционира. Неопходно е воспоставување безбедност на границите, бидејќи само една четвртина од бегалците доаѓаат од Сирија, констатира Курц.

Шефот на австриската дипломатија не ја исклучува можноста бегалците, при затворање на македонската граница, да можат да најдат нови патишта кон средна Европа, но, со добра соработка на сите држави, проблемите што ќе настанат со новите рути, можат благовремено да бидат решени.

- Реклама -

1 COMMENT

Comments are closed.

- Реклама -
- Реклама -
- Реклама -

LIVE NEWS

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани е негативна на Ковид-19

Министерството за здравство ја известува јавноста дека мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на...

Излекуваниот доктор Аголи од Дебар раскажува како успеа да го победи коронавирусот

Излекуваниот доктор Арбен Аголи од Дебар во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 раскажа како успеа да го победи коронавирусот.

Шпанија ја продолжи вонредната состојба до 26 април

Долниот дом на шпанскиот Парламент  денеска го одобри барањето на владата за продолжување на вонредната состојба до 26 април заради ширењето на...

Џонсон го напуштил Одделот за интензивна нега

Британскиот премиер Борис Џонсон веќе не се наоѓа на Одделот за интензивна нега на болницата „Сент Томас“ во Лондон, изјави неговиот портпарол,...

Г-20 на онлајн самит ќе ги ги разгледува мерките за стабилизирање на нафтениот пазар

Вонредниот самит на Г-20 ќе се оддржи утре и ќе биде посветен на мерките за стабилизирање на нафтениот пазар, соопшти извршниот директор...
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com