Кризниот штаб „Македонија-Блокира“ пред домот на Мукоски во Вевчани

Кризниот штаб на движењето Македонија-Блокира, кое порано се нарекуваше Македонија Бојкотира, вечерва се собраа пред домот на  Крсто Мукоски во Вевчани, еден од пратениците кој беше исклучен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поради гласот за отворање на уставните измени.

Следниот собир кој го организираат Македонија-блокира е закажан за вечерва со почеток во 19 часот. Во сабота во 18 часот закажан е собир пред домвите на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.