Кризен штаб-Прилеп бара строга контрола на мерките, болницата ќе работи редуцирано позитивни десетмина од персоналот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По вчерашната дневна бројка од 38 новозаболени, највисока досега, денеска во Прилеп се регистрирани нови 36 заболени, а едно лице на 73 години починало. Бројката на заразени од почетокот на пандемијата премина преку 1000, поточно се регистрирани вкупно 1009 заразени од коронавирусот.

Поради наглото влошување на ситуацијата на зголемувањето на бројот на заболените, прилепскиот кризен штаб денеска нагласи дека строго ќе се  контролира спроведувањето на маерките во сите сегменти,: во јавниот градски превоз каде бројот на патниците се намалува за 50 насто, строга контрола на организираниот превоз во фирмите, контрола на угостителите со работно време до 23 часот, на градскиот пазар каде утре е намалено работното време до 15 часот. Јавните и државните институции во градот да работат во смени или он-лајн, порача денеска кризен штаб во Прилеп.

Според градоначалникот Илија Јованоски заболените се главно млади, на возраст од 20 до 39 години и затоа побара да ги избегнат групирањата и одговорно да ги почитуваат мерките.

– Со целосно разбирање за потребите на младите да се дружат и забавуваат, потенцирам дека е особено важно младата полуцација да ги ограничи и редуцира своите секојдневни активности и контакти, рече Јованоски.

Две текстилни фирми се затворени на 20-ина дена поради вработени, позитивни на корона вирусот.  Досега 30-ина ученици од две училишта се во изолација поради заболени наставници, а поради воспитувачки позитивни на коронаВо меѓувреме, вирусот 35 деца од две градинки се во изолација. Јованоски вели дека во другите училишта состојбата се контролира.

– Во изминатите триесеттина дена од нејзиното формирање, Комисијата за вршење контрола над спроведувањето на мерките и препораките за заштита од Ковид-19 врз институциите од општинска надлежност, изврши повеќе контроли во основните и во средните училишта, како и во детските градинки. Заклучокот на Комисијата е дека во најголем дел од овие институции, доследно се спроведуваат протоколите за заштита од вирусот, а онаму каде што беа констатирани пропусти во работата дадени се напатствија за нивно итно коригирање, изјави Јованоски.

Од граѓаните се бара совесност. Прилепчани пак нагласувата дека од личната одговорност зависи здравјето, но несовесноста се уште ги остава турканиците пред банките. Други пак бараат затворање на кафулиња, обложувалници, па дури и полициски час за да се намалат бројките на заразени.

Во меѓувреме, Драган Богоески, директор на градската болница „Борка Талески“. денеска изјави дека одделенијата во прилепската градска болница ќе функционираат, но со редуцирани зафати откако во моментов се регистрирани 10 заболени од коронавирусот, медицински сестри и болничари.

-Имаме зголемување на бројот на заболени здравствени работници, позитивни на корона-вирусот. Бројот е 10 заболени здравствени работници. На хируршкото оддение заболени се три медицински сестри, една медицинска сестра во невропсихијатриското одделение, на интерно одделение се четири медицински работници и има уште двајца од персоналот што достигна бројка од 10-ина заболени, изјави  Богоески.

Поради зголемениот број заразен персонал, ќе се редуцира лекувањето на пациентите.

-За да одговориме на барањата на пациентите и на недостигот од персонал, со одредени редукции во сменското работење, ќе одговориме на потребите, рече Богоески.

На инфективното одделение капацитетот за прием на пациенти е полн. Богоески  смета дека ќе се бараат простории  на одделението на уво, нос и грло, а и во соседните градови, евентуално во Кавадарци.