Кредитите ќе мора да се вратат – фирмите ќе бидат обесштетени, ако има пари од стечајот

НАШ ПРЕДЛОГ

Адеми: Проблеми со платформата за учење имаше и во други земји

Поранешниот министер за образование, Арбр Адеми беше гостин во „10МИНУТИ“ на ТВ21. Тој покрај учебната година, кажа...

Зошто образовниот процес доцнеше 1 месец? Одговара Адеми во „10 минути“

Во „10 МИНУТИ“ на ТВ21, гостин беше екс министерот за образование, Арбр Адеми.

Кога на кафе во Приштина без ПЦР тест?! Поделеност меѓу владините министри за отворање на границите

„Граѓаните постојано бараат да се отворат границите, а политичарите дебатираат, некои сметаат дека се уште е рано,...
-Реклама-

Граѓните дефинитивно ќе треба да ги вратат кредитите земени преку Еуростандард банка, иако допрва ќе треба да се утврди на кој начин тоа ќе се реализира. Постапката и начинот на враќање, според економските експерти ќе биде регулиран и утврден од страна на стечајниот управник. Според поранешниот советник во министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, иако банката сега ќе добие стечаен управник, таа не оди во ликвидација и не престанува да функционира, туку ќе продолжи како правно лице.

„Тој стечаен управник ќе треба да направи ли реорганизација на банката или продажба ли ликвидација. Но тој ќе продолжи да ја води банката и во тоа негово водење на банката тој ќе треба да утврди начин на кој што ќе бидат вртатени овие кредити. Една можност е да се склучи договор со некоја банка или со повеќе други банки за тие да им дадат кредити на луѓето кои што имаат кредити во Еуростандард и потоа луѓето кредити да ги вратат преку друга банка“, истакна Бранимир Јовановиќ. 

- Реклама -

Што се однесува до физичките лица кои имаат депозити, односно средства во Еуростандард банка, Јовановиќ вели дека оние кои имаат до 30 илјади евра, ќе бидат обештетени целосно, од страна на Фондот за осигурување на депозити.

„Фондот кажа дека ќе почне со тоа за од прилика две три недели и граѓаните не треба да прават ништо во овој момент во врска со ова. Фондот ќе ги добие сите податоци и ќе ги информира граѓаните како ќе оди исплатата. За оние физички лица кои имаат над 30 илјади евра ќе добијат обесшетување од 30 илјади евра, а парите што се над 30 илјади евра, можеби ќе им бидат вратени доколку има пари во стечајната маса. Многу важно е тоа дека правните лица кои имаат сметки или средства во оваа банка, не добиваат обесштетување од Фондот за осигурување на депозити ниту до 30 илјади евра туку тие ќе бидат обесштетени само доколку останат пари од стечајната маса“, посочи Бранимир Јовановиќ.

- Реклама -

Директорот на Фондот за осигурување на депозити Борче Хаџиев изјави дека заклучно со 10-ти јули, во Еуростандард Банка граѓаните имале депозити во висина од 4,4 милијарди денари. Како што тврди тој, 99,4 отсто ќе бидат обесштетени.

Над две илјади компании остануваат без пристап до своите трансакциски сметки поради затворањето на Еуростандард банка, а околу 800 милиони денари изнесувале депозитите што ги имале правните лица оставени во оваа банка. Инаку поранешниот гувернер на народна банка, Петар Гошев за време на неговиот мандат ги затвори Радо Банка во 2005 и Македонска Банка во 2007 година.

ВЕСТИ ВО 19:30

#21LiveNews

#21LiveNews 19:30 Вести на македонски јазик | 01.10.2020

Posted by TV21 on Thursday, October 1, 2020

Димитров на видео-конференциски состанок со еврокомесарот Вархеји и колегите од регионот

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров попладнево учествуваше на работен видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседство и проширување...

Летачки костим за побрза итна помош (видео)

 Болничари тестираат нов вид брза помош во изолираната област Лејк Дистрикт во северна Англија. Се работи за летачки костим со којшто лекарот...

Вонреден самит на ЕУ

Лидерите на ЕУ27 денеска и утре ќе се состанат на вонреден самит во Брисел за да разговараат за надворешната и безбедносната политика,...

Заев на првиот школски ден: Да бидеме солидарни и да покажеме разбирање во овој процес

 Во повеќе од шестотини основни и средни училишта во земјава, денеска почна настава со физичко присуство со спроведување на здравствени протоколи.  Во...

Силен земјотрес ја потресе Грција

Силен земјотрес со магнитуда од 5.3 според Рихтер ги потресе Додекански острови во Грција. Епицентарот бил на 17 километри...