Костовски правдата за Еуростандард банка ќе ја бара во странство – за ликвидацијата е виновно бившото раководство

НАШ ПРЕДЛОГ

Родилка и нејзиното бебе починале на гинекологија

Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“,...

Обид за убиство!? На Доналд Трамп му пратиле пакет кој содржел отров

На претседателот Доналд Трамп му бил испратен пакет кој содржел отров рицин, пренесува Си-Ен-Ен.

Голем шумски пожар на планината Стогово на непристапен терен

Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, пренесува Сител....
-Реклама-

Ова е смислено сценарио кое е правено со месеци наназад со кое семејството Костовски го изгуби угледот и околу 70 милиони евра, изјави бизнисменот Трифун Костовски по пропаѓањето на Еуростандард банката. Тој ја обвини Народната банка и потесното раководство на управниот одбор на банката на чело со Николче Петкоски дека се директни соработници во целото сценарио, а рече и дека одредени лица биле известени навреме да си ги повлечат парите. Иако имаше одредени шпекулации дека министерката за финансии ги повлекла средствата Костовски рече да не ја мешаат бидејќи таа била стар клиент на банката.

„Ова е сценарио кое што е правено со месеци наназад за никој да не знае. Само блиски до тие кругови во Народна банка, на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банката“, додаде Костовски.

- Реклама -

Костовски рече дека имало заинтересирани партнери за банката, но иако Народната банка тоа го знаела сепак објавила пропаѓање на банката. Воедно не сторила ништо за излез од криза на Еуростандард банката.

„И во Законот за Народна банка постојат пасуси и во какви ситуации Народна банка може да помогне на конкретните банки за излегување од кризана ситуација. Што нашата Народна банка тоа не го стори. Имавме потенцијален партнер кој што можеби потроши 100 илјади евра со цел да направи длабинско снимање во банката за нејзино преземање“, посочи Костовски.

- Реклама -

Костовски на денешната прес конференција заедно со неговиот син најавија дека доколку биде прифатен стечајот на банката тие правдата ќе ја бараат на меѓународни судови, а доколку добијат отштета најавија дека ги им ги префрлат средствата на оштетените клиенти.

„Нашата одлука е доколу стечајот биде прифатен и стапи во сила ќе преземеме конкретни ригорозни мерки за тужење на Република Македонија и Народна банка на Република Македонија за нанесена штета на нас акционерите и на кометентите на банката“, истакна Костовски.

- Реклама -

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска беше на разговор кај шефот на државата Стево Пендаровски на која се согласиле дека сите надлежни институции треба да вложат максимални напори за обесштетување на депонентите. Пендаровски на средбата изразил очекување и дека банкарскиот систем и натаму ќе биде стабилен.