Костадинов: Постигнат е договор со БЕСА

Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, денеска на прес-конференција истакна дека е постигнат договорот со крилото БЕСА за нивните барања за менувањето на преамбулата, со што веројатно веќе e обезбедено двотретинско мнозиство за гласањето на уставните измени.

„Можам со задоволство да кажам дека е постигнат до БЕСА на Биљал Касами. Очекуваме заедничко соопштение на двете партии. Вложуваме напори и сме оптимисти дека двотретинското мнозиство ќе биде обезбедено“, рече Костадинов.

Тој на почетокот кажа дека не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за притисок и поткуп на пратеници.

„Во назначајните моменти за иднината на Македонија, Мицкоски шири измислени невистини, опструкции и лажни вести. Најостро ги демантираме изнесените лаги на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Не е точно дека се врши притосок врз пратниците, ниту дека се вршат некакви уцени. Мицкоски и Бачев се толку нервцозни затоа што се без поддршка од граѓаните па немаат идеја какви лаги да пласираат. Граѓаните знаат дека целиот процес за имплементација на договорот се води транспарентно и во демократска атмосфра, како што личи во слободна и напредна Македонија“, рече Костадинов.

Прес на Костадин Костадинов

Прес на Костадин Костадинов

Gepostet von TV21 am Freitag, 11. Januar 2019

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!