Костадинов: Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО, колку тоа Мицкоски да не го посакува

„Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот од Преспа“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Костадинов рече дека ѓраѓаните веќе ставија крај на омразата. Македонија оди напред и враќање назад нема! Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО, колку тоа Мицкоски да не го посакува.

„До моментот на гласањето сме оптимисти дека ќе го обезбедиме двотретинското мнозинство. Очекуваме да се издигнеме над партиските интереси и конечно Македонија да биде дел од Европа“

 

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!