Кошаркарите на Македонија го победија Косово во Приштина

Во рамките од предквалификациите за пласман на ЕП 2021, кошаркарите на Македонија во драматичен натпревар, беа подобри од селекцијата на Косово на натпреварот одигран во Приштина. Избраниците на Јорданчо Давитков со 76:73 на крајот издвојуваа важен триумф.

Првите две четвртини ги доби Македонија (20:16, 14:13) и се чинеше дека нашата репрезентација има контрола врз резултатот. Меѓутоа со одличната трета четвртина (20:14) Косово се врати во „егал“, а последниот период беше вистинска драма.

Сепак, на три секунди пред крајот на еден разлика за Македонија беа досудени две слободни фрлања кои беа реализирани од Војдан Стојановски, и Косово веќе не можеше да се врати во натпреварот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стојан Ѓуроски кој реализираше 14 поени, додека неверојатен беше учиникот на Дардан Бериша кој што во селекцијата на Косово уфрли дури 32 поени.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!