Коронавирусот се шири во Словенија – досега 414 потврдени случаи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Словенија и натаму се зголемува и според последните информации на Националниот институт за јавно здравје во земјата има 414 потврдени случаи.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ова е бројка е добиена со новата методологија со која не се тестираат сите лица, така што според познавачите бројката заразени е најмалку за пет пати поголема.

Досега за коронавирусот се тестирани вкупно 13.098 лица.

Ситуацијата и натаму е тешка во домот за стари лица во Шмарје при Јелшах. Докторите вчера тестираа 36 лица, а резултатите покажаа дека сега вкупно 18 се заразени.

И натаму Љубљана и околината се со најголем број заразени со коронавирусот.