Конечни резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-ААА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија денеска одржа јавна седница на која ги објави конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.

Коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ – 327.408 гласа, односно 35,89%, освоени мандати – 46

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Обнова за Македонија- 315.344 гласови или 34,57% – 44 мандати

ДУИ – 104.699 гласови или 11,48% – 15 мандати

Коалиција Алијанса/Алтернатива – 80.000 гласови или 8,95% со 12 мандати

Левица – 37.426 гласови или 4,1% – 2 мандати

ДПА – 13.930 гласови или 1.53% – 1 мандати