Кондарко: Дали уредбата која денеска не ја признава Деркоски, ќе ја признае утре?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Ако случајно по било кој основ ДИК добие правен акт со кој се одредува датум, дали уредбата која денеска не ја признава Деркоски, утре би ја признал и би ја сметал за важечка?“, запраша членот и поранешен претседател на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

Тој смета дека овој пристап е погрешен и дека претседателот на ДИК навлегува во некои работи кој не се негова лична надлежност, ниту пак надлежност на ДИК.

„ДИК е колективен орган, неосновано е на ваков начин да се поставуваат услови бидејќи претседателот е само прв меѓу еднаквите, во ваква ситуација не може да го претставува ставот на ДИК“, порача Кондарко во вестите на ТВ21.