Компанијата која го произведува пивото „Корона“ во загуба од повеќе од 100 милиони фунти поради вирусот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Компанијата која го произведува популарното пиво „Корона“, пријави дека е во загуби од 132 милиони фунти поради коронавирусот.

После два месеци откако се појави со исто име како и вирусот, компанијата го пријави овој минус, но изрази надеж дека наскоро се ќе се врати во нормала и дека повеќе ќе нема загуби.

И други компании пријавиле загуби поради коронавирусот, а огромен пад доживеаја и светските берзи.