ИЗБОРИ

Компаниите незадоволни од економските пакети – Исени: Од 550 милиони евра „инјектирани“ само околу 30 милиони

НАШ ПРЕДЛОГ

Загинал при извршување на работи во каменолом

На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен...

Уапсена гевгеличанка – наместо во самоизолација, била на базен

На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија,...

Во Белград прогласена вонредна ситуација

Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна...
- Промо -

Првиот и вториот економски пакет кој Владата ги донесе за поддршка на стопанството, сѐ уште не го користат сите компании, вели извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Дриљон Исени. Тој објаснува дека околу 20 илјади компании добиле поддршка од овие пакети, што не е ниту 20% од вкупниот број регистрирани компании.

- Реклама -

-Од средствата кои Владата ги обезбеди на разни основи…врз основа на кредити, разни донации… Од 550 милиони, околу 30 милиони се официјално инјектирани во македонските бизниси-вели Исени.

Освен ниското инјектирање на средствата за бизнисите, ниско останува и учеството на микро-компаниите во владините мерки

- Реклама -

-Дел од компаниите не ги исполнуваат условите бидејќи Владата постави такви услови. Некои критериуми не можеа да се исклучат. Во однос на субвенционирање на платите. Второ – во однос на бескаматните кредити, постапката беше таква што многу малку компании успеаја да го земат својот дел. На пример од Развојната банка на Македонија, околу 117 компании беа поддржани со првиот повик на Ковид-19, што е некаде околу 4.05 милиони евра, што е многу мала сума-рече Исени.

СКСЗМ, која застапува над 1.900 претпријатија, ја пренесе во Влада загриженоста на компаниите дека Развојната банка на Македонија не одговара на нивните барања, со изговор дека добивањето кредит функционира на начин „прв дојден, прв услужен“.

Запрашан за незадоволствата на компаниите, министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека кога се изготвувале пакетите, се консултирале и со стопанските комори во земјата. Според него, програмата за поддршка е спроведена успешно.

-Ние како Влада добивме низа забелешки пред да започнеме со спроведување на мерките. Тие забелешки се вклучени во мерки и што се однесува до реализирањето, мислиме дека е успешно. Кога зборуваме само за мерките за финансиска помош за вработените, имаме речиси 120 илјади вработени кои придобија од оваа мерка и над 19 илјади компании-рече Бектеши.

Но, иако поддршка добиле 19 илјади компании со субвенционирање на плати од 14.500 денари, извршниот директор на СКСЗМ, потсетува дека вкупниот број на регистрирани субјекти е околу 70 илјади, што значи дека оваа мерка не ја искористиле 50 илјади бизниси. Исени посочува дека дел од барањето на Комората не биле прифатени од страна на Владата, како што е обезбедување кредити со минимална каматна стапка од 0.5%. Побарале и компаниите да се ослободат од аконтација за данок на добивка, бидејќи 2020 година ќе биде година на загуба, а едно од итните барања е и – приоритет за поврат на ДДВ да бидат компаниите, бидејќи тие имаат најголема потреба да бидат ликвидни.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уапсена гевгеличанка – наместо во самоизолација, била на базен

На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на...

Во Белград прогласена вонредна ситуација

Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација, која стапува во сила...

Боки 13 продолжува со поднесување кривични пријави во ОЈО

Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со...

Санкционирани 470 лица за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие полицијата на територијата на државата регистрирала 470 прекршување на мерката за носење заштитна маска на лицето за...