Клиниките се подготвуваат за прием на редовните пациенти од следната недела

НАШ ПРЕДЛОГ

Бузаку со скандалозни документи: ИВЗ исплатила 20.000 евра на синот на сега разрешениот поглавар Реџепи

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вчера гостуваше Скендер Буџаку кој за себе рече дека е...

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост...

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично...

Од следната недела најверојатно ќе бидат во функција клиниките за да можат да ги примаат редовните пациенти, според однапред утврдени протоколи, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање кога ќе се нормализира јавното здравство за да може да прима редовни пациенти.

Рече дека се уште се подготвуваат капацитетите на клиниките, затоа што добар дел од нив, како што рече, работат по системот на пауза по една до две недели, штедејќи го медицинскиот персонал.

– Очигледно дека тој притисок во болниците сериозно попушта и вистински интензивно ние го избегнавме тоа. Веќе сите имаат добиено задолженија да ги организираат и редовните програми, направени се списоци на пациенти и интервенции што беа одложувани, рече Филипче.

Појасни дека сето тоа ќе оди во координација со системот за закажување Мој термин, што ќе работи според нов протокол при кој прегледите ќе траат 20-30 минути за да се избегнат гужвите во амбулантите.

– Сакаме сето тоа убаво да го подготвиме, да не брзаме, а истовремено сериозно го следиме и бројот на пациенти коишто се лекуваат од Ковид и во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника, рече министерот.

Повторно апелираше на почитување на мерките и граѓаните да се навикнат на новата реалност, а тоа е задолжително носење маски и почитување на другите мерки за заштита, се додека, како што рече, не се направи вакцина за Ковид во 2021 година. 

- Advertisement -
- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост меѓу граѓаните.

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои...

Вонредната состојба ќе се продолжи? Спасовски не ја промени уредбата, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со бојкот на изборите

Со завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат сите изборни активности, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Тој ја отфрли можноста за одложување на изборите...

Разрешен поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи – Бузаку: Сценарио диригирано од Реџепи

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е разрешен од неговата функција. Оваа одлука е донесена со 2/3 од гласовите на вонредната седница на...
- Advertisement -

НА ИСТА ТЕМА

- Advertisement -