Клиниката за ендокринологија организира активности во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот

Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања заедно со Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, денеска организираат повеќе активности.

Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања заедно со Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, денеска организираат активности меѓу кои и пешачење на Кејот на реката Вардар во пресрет на 14 Ноември, Светски ден на дијабетесот, кој годинава се одбележува под мотото „Дијабетесот го засега секое семејство”.

Пред и после пешачењето ќе се спроведе мерење шеќер во крв, за да се потенцира важноста на физичката активност и само-контролата како значајни елементи во третманот на дијабетесот. Дополнително ќе бидат поделени и памфлети со информации за дијабетесот (на македонски и албански јазик) и маичка за секој учесник.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!